All for Joomla All for Webmasters

Без вода денеска пазарчето Тафталиџе и ул.„Јуриј Гагарин“

Поради уличен дефект на цевка Ф-100 мм на ул. „Московска“ бр.9, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа улица од бр.5 до бр.9 и пазарчето Тафталиџе.

Прекинот, како што информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје, ќе биде од 8:45 часот до санирање на дефектот.

Поради дефект на приклучна цевка Ф-5/4“ на ул.„Јуриј Гагарин“ бр.77, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат и корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“, „Струшка“ и „Кораб“ од 10:00 часот до санирање на дефектот.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.