Бесплатен очен преглед за 2.700 ученици од Општина Карпош

Во Општина Карпош заврши проектот за проверка на видот, во чии рамки беа опфатени основците од сите десет училишта, а во следната фаза и дечињата од сите градинки во Карпош. Во периодот од декември 2017 година до 1-ви јуни оваа година, прегледани се вкупно 2700 дечиња.

 

Вкупно 2.700 дечиња во Општина Карпош од декември минатата година до 1-ви јуни годинава се прегледани во рамки на проектот за проверка на видот.
Како што информираат од Општина Карпош прегледани беа основците од сите десет училишта, а во наредната фаза и дечињата од сите градинки на територија на локалната самоуправа.

 


Бесплатните превентивни очни прегледи ги спроведе Лајонс Клуб Кале преку проект, во соработка со Лајонс Дистрикт 132 Клуб Македонија и УСАИД.
Примарна цел на проектот е да се откријат евентуалните аномалии со слабиот вид кај најмладите уште во рана фаза и во тој случај, да се препорача посета на стручно медицинско лице, за понатамошен третман.

 


Од општината информираат дека локалната самоуправа и во новата учебна година интензивно ќе работи на зголемување на детската заштита.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.