Од октомври мобилна апликација за комуникација со Општина Карпош
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 21 Септември 2018
Општина Карпош ќе биде меѓу единствените локални самоуправи која ќе има мобилна апликација, достапна за корисниците на Ајфон и Андроид, за пријавување на проблеми, давање на препораки и идејни решенија на територија на Карпош.
Како што информираат од Општина Карпош апликацијата ќе биде достапна од октомври, а е подготвена од страна на организацијата Блинк 42 – 21 чии претставници денеска одржаа презентација за функционирање на апликацијата, пред претседателот на Совет, Андреј Манолев, како и пред дел од членовите на Советот.
На овој начин се зголемува и достапноста и транспарентноста на локалната самоуправа, а се обезбедува уште еден канал за комуникација со сите граѓани, соопштија од Карпош.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс