Се бришат графити во Карпош
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 07 Ноември 2018
Општина Карпош денеска спроведе акција за отстранување графити со навредлива содржина испишани по фасадите на зградите.
Бојадисувањето и отстранувањето на графитите ќе продолжи и наредните дена на места каде пораките со недолични содржини најмногу се присутни, а тоа е во населбите Карпош 1, 2, 3 и 4, Тафталиџе 1 и 2, како и во околината на урбаната заедница „Владо Тасевски“.
Од општина Карпош апелираат до сите граѓани да не ја користат креативноста за испишување графити со недолична содржина која може да поттикне верска или меѓуетничка нетрпеливост и која може да ја наруши урбаната култура
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс