Во Карпош ќе се вози со брзина од 30 км/h

Во соработка со СВР Скопје, Градот Скопје и сообраќајни инжинери, во дел од општина Карпош ќе се воведе ЗОНА 30 со што ќе се ограничи брзината на движење, внатрешно во населбата.

 

Ова ќе се однесува на сервисните улици во Карпош 4.

 

Со цел да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот, а особено пред основните училишта и градинките во Карпош 4, но и да се намали сообраќајниот метеж пред ТЦ Сити Мол, во наредните неколку дена, Општина Карпош почна да поставува нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација низ сервисните улици во урбаната заедница Карпош 4.

 

Ќе се постават нови 250 знаци (вертикална сигнализација), при што посебно се става акцент на воочливи и интерактивни знаци пред училиштата и градинките. Исто така, ќе биде поставена нова хоризонтална сигнализација во должина од 2.400 m2 со околу 80  нови пешачки премини.

 

Како што информираат локалните власти, овие промени се прават врз основа на сообраќаен проект, за измена на режимот на сообраќајот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.