All for Joomla All for Webmasters

Карпош ќе се шири кон периферијата

Советот на Општина Карпош денеска едногласно ја усвои одлуката за Деталниот урбанистички план за делот на Касарната „Илинден“, со кој се предвидува изградба на станбени згради од приземје, пет ката и поткровје, со височина од 21 метар, потоа изградба на ново училиште, како и објекти за потребите на Министерството за одбрана.

 

-Целта на оваа Предлог – Одлука е  онаа за која што зборував во месеците и годините наназад, дека Општина Карпош треба да се шири по периферните делови, особено кога станува збор за станбено домување во делот на Касарната „Илинден“. Овој детален урбанистички план ги има поминато сите фази, сите јавни  анкети, сите јавни расправи, и секеако, сите одлуки кои се потребни за негот, рече Богоев, соопштија од општината.

 

Тој информира дека на дневен ред денеска била и Предлог-одлуката за  донесување Детален урбанистички план за Градска четврт Ј 02  (опфатот помеѓу Жданец, Трнодол и Нерези), меѓутоа, бил повлечен на седницата на Совет на барање на граѓани, што е, рече, во согласност со даденото ветување дека  деталните урбанистички планови „ќе ги носиме за и во консултација со граѓаните“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.