All for Joomla All for Webmasters

14,8 милиони евра за подобрување на животот во општина Карпош во 2019 година

Општина Карпош во 2019 година ќе стартува со буџет од околу 911 милиони денари, или приближно 14,8 милиони евра, што во споредба со последниот ребалансиран е помал за 477,6 милиони денари или 7,7 милиони евра.

 

Од општината наведуваат дека била постигната согласност оти буџетот е скроен во „реални рамки“. – Имено, рационализацијата на буџетот дојде по дополнувањето на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа што го изготви Министерството за финансии, со што на единиците на локалната самоуправа им се стави ограничување на зголемување на буџетите најмногу до 10 отсто од просечно остварените приходи во последните три години.

 

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев истакна дека и покрај тоа што се стартува со „штедлив“ буџет, вратите за капитални инвестиции во општината не се затворени.

 

– Напротив, општинската администрација ќе работи и веќе работи на подготовка на проекти за улици и патишта, за изградба на фекална и атмосферска канализација, кои очекуваме, во целост да се финансираат од Владата, нагласи Богоев.

 

Архива: 24. 12. 2018





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.