Пријавени две фирми за фрлање шут во Бардовци

Општина Карпош пријави до полицијата два правни субјекта што фрлале отпад на јавни/приватни површини и придонеле за загадување на животната средина.

 

– Пријавата следи откако граѓани кои живеат во делот на Бардовци, доставија фотографии и информации за однесувањето на фирмите кон животната средина. Приложени се фотографии и други информации што ќе помогнат во пронаоѓање на овластените претставници на фирмите. Нема да има толеранција за оние што фрлаат отпад и шут, без разлика дали станува збор за физички или правни лица (фирми), соопшти денеска Општина Карпош.

 

Од Општина Карпош информираат дека ќе продолжат да преземаат активности, но и самостојно, на терен, да ги санкционира загадувачите. Дополнително, во соработка со полицијата и со другите инспекциски органи, ќе инсистираат на интензивна и постојана борба со оние што ја загрозуваат животната средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.