ВНИМАВАЈТЕ! Од денеска ул. Прашка во Тафталиџе е еднонасочна
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 21 Мај 2019
Од денеска почнува да функционира новиот сообраќаен режим на улицата „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1. По оваа улица каде што има и повеќе воспитно – образовни установи, ќе се вози во една насока, со што ќе се ублажи метежот во овој дел од Карпош.
Денеска, за новото сообраќајно решение информираше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев копј рече дека со новата хоризонталната и вертикална сигнализација ќе се придонесе кон подобрување на безбедноста на сообраќајот во овој дел од Карпош.
Градоначалникот Богоев ги повика граѓаните да ги почитуваат новите сообраќајни знаци, да возат внимателно и совесно, затоа што сите носиме одговорност за безбедноста во сообраќајот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс