Акцијата за ослободување заробени дрвја продолжува во Општина Карпош (ВИДЕО)

Околу 40 дрвја на територија на Општина Карпош кои биле заробени поради погрешни инфраструктурни и градежни активности и затрупани со бекатон, асфалт, бетон или друг градежен материјал ќе бидат ослободени.

 

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска го означија почетокот на акцијата за ослободување заробени дрвја во Крапош.

 

– Се работи за стари, израснати и квалитетни дрвја. Со ова ослободување ќе се овзоможи нивен непречен раст и развој бидејќи израснатите и развиени дрвја го прочистуваат воздухот и ја задржуваат градежната прашина и честичките за 30 до 40 отсто повеќе отколку тоа што го прават помалите и неразвиени дрвја, соопшти Богоев.

 

Покрај ново зеленило, како што рече, останува и обврската да се грижиме и за постојното и контиунирано да се бориме за чист воздух и здрава животна средина, не само во месеците кога е загадено, туку во континуитет, преку целата година.

 

Портпаролот Салиху рече дека до крајот на акцијата очекуваат да ослободат најмалку 200 дрвја или повеќе од 25 отсто од вкупниот број.

 

– Од страна на Шумарскиот факултет досега беа мапирани вкупно 841 дрвја, од кои веќе 150 се ослободени. Град Скопје заедно со градските јавни претпријатија и со скопските општини зема обврска на секој можен начин да спречиме ново заробување на дрвјата на јавните градски површини. Апелираме до сите физички лица и компании кои изведуваат и најмали градежни активности да внимаваат на дрвјата бидејќи тие се едни од најважните чувари на нашето здравје, истакна Салиху.

 

Акцијата за ослободување на дрвјата од нестручно извршување градежни работи почна вчера во Општина Центар. Оваа акција Град Скопје ја спроведува заедно со скопските општини Центар, Карпош, Аеродром и Чаир.

 

Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден ги ослободи сите заробени дрвја или околу 20.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.