Општина Карпош: Општината и градоначалникот Богоев не се вклучени во никакви незаконски активности во случајот „Рекет“

Во име на транспарентноста и отворената комуникација која Општина Карпош ја води со граѓаните, по низата шпекулации и лажни вести кои се проширија, должни сме пред севкупната јавност да ги посочиме следните факти:

 

Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев не се вклучени во никакви незаконски активности во врска со случајот „Рекет“.

 

Во Општина Карпош не е отворен ниту еден предмет, а не е издадено ни одобрение за градење, ниту било каков друг правен акт во врска со споменатиот случај.

 

Локалната самоуправа има склучено меморандуми со голем број на невладини организации. Меморандумот кој е склучен со Меѓународен сојуз единствено се однесува на давање поддршка за реализација на различни социо – економски активности и третирања на локални прашања. Тој по својата содржина е општ, без никакви финансиски последици за Општината или конкретни други обврски. Врз основа на овој Меморандум, не е реализиран ниту еден проект или некоја активност со Меѓународниот сојуз.

 

Што се однесува до финансирањето на изборната кампања на градоначалникот Стефан Богоев, веќе е посочено дека сите плаќања се извршени преку наменската сметка за локални избори 2017, на партијата СДСМ и Коалицијата која го поддржа Богоев.

 

Во ниту една програма на Општина Карпош, ниту во изборната програма на градоначалникот Стефан Богоев, не постои проект „Карпош на вода“. Во оваа насока, не е донесен или изменет ниту еден ДУП, што е достапно и видливо и на нашата веб страница.

 

Во интерес на отчетноста пред граѓаните, ги повикуваме сите заинтересирани страни, вклучително и пратеникот Антонио Милошоски да дојдат во Општината и да се уверат во сите посочени факти.

 

Одделение за односи со јавност ОПШТИНА КАРПОШ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.