Најдобрите ученици од Општина Карпош на одмор во Грција

Вкупно 103 ученици од Општина Карпош утринава заминаа на одмор во Република Грција, во кампот „Александра“. Станува збор за осум првенци на генерација, 38 ученици во социјален ризик и 57 спортисти.

 

Од Општина Карпош соопштуваат дека тоа се ученици кои во текот на изминатата учебна година покажале најдобри резултати во наставниот дел и во спортот.

 

Како што информираат, од оваа година се зголемил опфатот на децата, и локалната самоуправа одлучила да даде простор и на учениците од социјално – загрозените семејства.

 

-На овој начин обезбедуваме поттик и поголем простор за дружење меѓу сите ученици кои една недела ќе имаат можност да другаруваат, да спортуваат и да се рекреираат. Предвидени се различни активности за учениците: пинг – понг, игри без граници, тематски забави на плажа, водени спортови, одбојка, се вели во соопштението на Општина Карпош.

 

Со цел грижа на децата, присутни се и лица од Општина Карпош, претставници од Одделението за образование и Одделението за спорт и култура. Дополнително, за децата ќе се грижат и обучени тренери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.