Меѓународен турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески во Карпош

Од 24 до 26 јануари, во спортската сала „Форца“ ќе се одржи 11. издание на Меѓународниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Општина Карпош е главен покровител на овој спортски настан, кој се организира во спомен на нашата музичка легенда, која е родена на 25.01.1981 година.

 

Оваа година учествуваат екипи од Општина Карпош, Општина Крушево, НЛБ Банка, „Лиличи Ароши“ (Велес), Нова Градишка (Хрватска), Корча (Албанија), „Мандра“ – Скопје и Општина Чаир.

 

Со учеството на тимови од различни држави се потврдува дека Тоше беше личност која обединуваше различни култури и држави.

 

Во оваа пригода, во посета на Карпош и Скопје ќе биде и градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ, кој ќе оствари и средба со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

 

Проески беше жител на Злокуќани, Општина Карпош, а трагично загина во Нова Градишка. Со цел да не се заборави неговата мисија и вредност, овие две општини негуваат континуирана соработка на полето на спортот и културата.

 

Натпреварувачкиот дел од турнирот започнува во сабота (25.01), во 10 часот. Во недела (26.01), од 10 се игра натпреварот за трето место, а во 10:45 часот е финалето на турнирот. Од 12:30 до 13:00 часот е доделувањето на пехари и благодарници во хотелот „Александар Палас“.

 

Турнирот се организира во соработка со Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.