Богоев на средба со директорите на училиштата во Карпош

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, и дел од службите на локалната самоуправа имаа координативна средба со директорите на сите училишта.

Богоев рече дека се работи на спроведување на подобра интернет-врска во училниците, од каде што наставниот кадар ќе држи настава, набавка на дополнителна ИТ-опрема и компјутери, како и скалест распоред за организирање на е-наставата.

„Во подготовки сме и за ребаланс на буџетот на Општината, со што ќе овозможиме повеќе средства за образованието и за најмладите. Оваа година,- како резултат на Ковид-19 не се одржаа Карпошово културно лето и Меморијалниот турнир во мал фудбал 'Сокол'. Ова се важни локални настани за граѓаните, но денеска поважно е да обезбедиме подобри услови за почеток на учебната година“, рече Богоев.

Градоначалникот информира дека и текот на воспитно-образовниот процес во градинките се одвива без поголеми проблеми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.