Карпош додели 80 пакети на социјално-загрозени домаќинства

Во рамки на одбележувањето на Денот на општината, локалната самоуправа започна со делење на 80 пакети за своите сограѓани кои се наоѓаат во социјален ризик, информираат од општината.

 

Оваа традиционална акција беше спроведена денеска, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, при што 70 пакети ќе бидат поделени на домаќинства во социјален ризик, пет пакети на СОС Детско село, а пет пакети на Геронтолошки завод „13 Ноември“ (во Злокуќани). Пакетите содржат трајни прехранбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција.

 

Во изјавата за медиуми, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека за 20 отсто е зголемен бројот на лица кои се пријавуваат во општината како социјално загрозени.

 

Генералниот секретар на Црвен крст, Саит Саити изјави дека соработката меѓу Општина Карпош и Црвениот крст секојдневно се интензивира. Исто така, пунктот за бездомни лица во Момин Поток обезбедува згрижување и топол оброк за луѓето од оваа социјална категорија. Подготовката на волонтерите е на високо ниво и тие секојдневно работат со оние кои се најпогодени.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.