Субвенција на 50% на ужинките во Карпош

Општина Карпош започнува со субвенционирање на ужинките за сите ученици кои посетуваат настава со физичко присуство, информираат од општината.

 

Имено, ужинката ќе се субвенционира во висина од 50 отсто од износот на месечниот надоместок, за учениците од прво до деветто одделение.

 

На овој начин, Општината ќе покрива 250 денари од трошокот, а останатите 250 денари ќе бидат обврска за родителот/старателот. Субвенцијата се однесува на второто полугодие од оваа учебна година, како и за учебната 2021/2022.

 

Оваа одлука се донесе на вчерашната седница на Советот на Општина Карпош. Вкупната вредност на мерката за субвенционирање на ужинките е 3.600.000 денари.

 

И во услови на пандемија, кога наставата се одвива под посебни протоколи, основната цел на локалната самоуправа е да биде поддршка на учениците, родителите, наставниот и административно – техничкиот кадар во училиштата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.