Карпош и Црвениот крст со активности за похумана заедница

Поддршката за социјално – загрозените граѓани, изнемоштени и стари лица е една од примарните дејности на Црвениот крст, кој денеска одбележува 76 години од формирањето во нашата држава.

На 17 – ти март го одбележуваме и крводарителството во Македонија, како хумана дејност преку која спасуваме човечки животи.

 

Општина Карпош има континуирана соработка со Црвениот крст, која особено се интензивираше во ек на пандемијата од КОВИД – 19.

 

Преку заедничка акција формиравме мобилни тимови кои обезбедуваа храна и лекови за постарите лица и граѓаните во изолација; обезбедивме социјални пакети за ранливите категории на граѓани и организиравме крводарителска акција преку која беа собрани единици крв за потребите на Институтот за трансфузиона медицина.

 

Во овие моменти, локалната самоуправа и Црвениот крст работат на реализација на проектот за „Хумани патроли“ – домашни посета, основна медицинска заштита и поддршка за повозрасните карпошани и граѓаните со попреченост. Во тек е јавниот за обезбедување на негователи, кои ќе бидат обучени од оваа хуманитарна организација за работа со засегнатите граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.