Карпош ќе ги објавува најчесто поставуваните прашања од граѓаните

Најчесто поставуваните прашања кои граѓаните на општина Карпош ги адресираат до локалната самоуправа, од денеска се достапни на општинскиот веб сајт,  www.karpos.gov.mk, информираат од општината.

 

Издвоени се 15 најчесто поставувани прашања, кои се испраќаат до мејл адресите на градоначалникот Стефан Богоев и општината, официјалните профили на социјалните мрежи (Facebook, Twitter, Instagram), како и преку мобилната апликација „мЗаедница“.

 

Оваа листа постојано ќе се дополнува и ажурира, во зависност од новопоставените прашања, одредени измени во регулативата, промена на статус на проекти и др.

 

На овој начин, граѓаните побрзо можат да добијат одговор, на некое прашање кое веќе било поставено. Доминираат прашања и одговори од областа на животната средина (управувањето со отпадот), тековни проекти, поделба на надлежности со градот Скопје, надзорот врз местата каде има градба, начинот на кој може да се добие извод од матични книги, проблемот со паркирање, сообраќајната безбедност и сл.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.