Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во својот кабинет одржа работна средба со директорот на Центарот за развој на Скопскиот Плански Регион, Јане Мицевски, во чии рамки беше потпишан договорот за заедничка реализација на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човековата околина“.
 
Втор ден откако се погазени и престанаа да се почитуваат законите, Деловникот и Статутот на Општината во општината во Општина Карпош, вели Роберт Вељановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.
 
На продолжението на 38. седница на Советот на Општина Карпош беше изгласан предлог-буџетот за 2024 година, а за неговото усвојување гласаа сите советнички групи, освен онаа на ДПМНЕ, велат од Левицата.
 
Заврши 37-та седница на Советот на Општина Карпош, во чии рамки мнозинство советници го изгласаа општинскиот буџет за 2024 година.
 
Денес сме сведоци на насилство и талатизација на Советот на општина Карпош. Имено, на сила, вон секоја демократска процедура, со кршење на сите законски акти и подакти, со кршење на Деловникот, Статутот на општина Карпош и Законот за локална самоуправа, со 15 гласа ЗА беше усвоен Буџетот на општина Карпош за 2024 година, истакна Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.
 
Поради блокадите на ДПМНЕ и Левицата, загрозена е работата на градинките, училиштата и на администрацијата на Општина Карпош, изјави советникот од редовите на СДСМ во Општината, Владимир Бислимовски.
 
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Наместо урбано домување и зелена агенда, бизнис пајташите ДУИ и СДС тераат бизнис интерес на штета на Карпош и на граѓаните. Во корелација со градоначалникот Јакимовски тие по секоја цена го туркаат бетонизирањето на Алумина, со што би му овозможиле на Пуцко Петрол 600 милиони евра бизнис. Да потсетиме сопственикот на Пуцко Петрол е пратеникот од владеачкото мнозинство, Исмаил Јаховски, кој во исто време е омилениот градежник на градоначалникот на Карпош“, вели ВМРО-ДМНЕ.
 
СДС и ДУИ со намера Карпош од најзелена општина во Скопје сакаат да го претворат во бетонска џунгла за 600 милионски бизнис кај Алумина, изјави пратеникот, Тони Јаревски, на прес-конференција.
 
СДС и ДУИ од Карпош прават тесно инфраструктурно грло, за „Пуцко Петрол“ да направи бизнис од 600 милиони, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Се остваруваат црните предвидувања на карпошани дека на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово, насилно се подготвува терен за новиот ДУП за Градска четврт С3 26! Неверојатна случајност е дека општината токму сега се одлучува да го презентира овој план“, вели партијата Левица.
 
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека поради уличен дефект од ф 150 мм на булеварот Илинден, во близина на спортската сала „Борис Трајковски“, во периодот од 9 часот па сѐ до отстранување на дефектот, без вода ќе остане објектот на спортската сала „Борис Трајковски“, како и околните објекти во општина Карпош.
 

Без струја делови од Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека поради планирани технички интервенции во елктро-дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници во општина Карпош.
 

Без вода дел од општина Карпош

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска, поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улица Копенхагенска бр.2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Копенхгагенска, Софиска, Бриселска, Његошева, Петар Драганов и Стокхолмска во општина Карпош.
 

Без вода поликлиника Букурешт

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе биде дел од општина Карпош.
 
Пред само 3 месеци беше поништен регулацискиот план за овој дел од Влае, а општинската администрација повторно се обидува да го помине овој план пред јавноста, со минимални измени, велат од Левицата.
 

Без струја дел од општина Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, извести дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од општина Карпош.
 

Без струја дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат корисниците на дел од улицата Дамаска во општина Карпош во периодот од 09:00 до 14:00 часот.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.