„Генералка викенд“ во општина Кисела Вода

Од утрово активно се чисти во целата општина Кисела Вода.

Вклучени се целата општинска администрација, сезонските работници, градинките и училиштата, волонтери, кои го собираат отпадот од сите месни и урбани заедници. Во тек е големата еколошка акција, што ја спроведува Општина Кисела Вода како дел од иницијативата со наслов „Генералка викенд“, чии организатори се компанијата Man and mountain заедно со „Пакомак“ и граѓанската организација „Нула отпад“.

„Собирањето на комуналниот и кабастиот отпад и косењето на тревните површини преку организирани акции е една од активностите што ние како локална самоуправа ги спроведуваме редовно, но и дополнително, доколку се утврди потреба на некоја локација. Како дел од нашиот акциски план, со уште една организирана еколошка акција, Општина Кисела Вода почна уште минатата седмица. Нашите сезонски работници во сите месни и урбани заедници косат, чистат, кабастиот отпад бесплатно го собираат од речиси 220 семејства, кои се пријавија на нашиот повик. Денес, акцијата ни е уште помасовна, во партнерство со организацијата МЕН ЕНД МАУНТИН, на кои сакам да им честитам за одличната идеја и организација и се надевам дека сите заедно ќе ја постигнеме визијата за чисти и еколошки општини со граѓани со високо развиена свест за одржување здрава животна околина“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.