Петар Грашо и Сузе Спасовска ќе пејат во Кисела Вода

Хрватската ѕвезда Петар Грашо ќе пее во рамките на Културното лето и одбележувањето на роденденот на Општина Кисела. Културно-забавните случувања почнуваат во четврток на 22 јуни и ќе траат до 29 јуни, кога ќе настапат низа македонски изведувачи, уметници и за хрватскиот пејач.

Културното лето ќе има три фестивалски вечери, на 22, 23 и 24 јуни, на две локации-во Расадник (просторот спроти ООУ „Кирил Пејчиновиќ“) и на Три круши во Драчево.

Отворањето е закажано за четврток, 22.06. во Расадник. Од 21 часот диџеј сет ќе има DJ Mats, а по него, од 22 часот следи концерт на Два Бона.

На 23 јуни во петок, журката продолжува на Три Круши во Драчево, каде ќе настапат КУД Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски.

Од 21 часот во недела стартува финалната вечер. За одлична журка ќе се погрижи познатиот Жаре Бербер со Галама бенд, а по него следи голем концерт на Петар Грашо кои ќе ги пее своите безвременски хитови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.