Кисела Вода: Граѓаните да аплицираат за субвенции за огревно дрво

Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање дел од трошоците за купување дрва за огрев.

Од денес, па во наредните 5 дена, жителите на општината што набавиле огревно дрво во периодот од 1 април 2023 година може да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен кубен метар (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³) дрва или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен просторен метар (1 просторен метар) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 14  просторни метри (14 просторни метри), велат од Општината.

Барањата за субвенционирање и доказот за оствареното купување во форма на потврда, испратница или други документ (фотокопија), кој треба да биде со датум од 1 април 2023 година, се поднесуваат заедно со другата потребната документација во затворен плик преку архивата на Општина Кисела Вода до комисијата за спроведување на постапката.

Целокупната потребна документација и критериумите за добивање субвенции се достапни на општинската веб-страница на следниот линк.

Архивата на Општина Кисела Вода примените барања ќе ги евидентира со точно време на поднесување (датум, час и минута) за воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат и прифаќаат барањата на база прв дојден – прв услужен и сè до исполнувањето на предвидените финансиски средства од 1.200.000,00 денари со вклучен персонален данок.

Јавниот повик ќе трае вкупно пет работни дена сметано со денот на објавувањето.

Општина Кисела Вода преку разни субвенции ги помага своите жители. Покрај субвенциите за огревно дрво, веќе обезбедивме финансиска поддршка и за печки за пелети, за пелети како енергент, за кофинансирање при набавка на термоизолациски материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на општината, се додава во соопштението на Општина Кисела Вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.