Ѓорѓиевски: Пинтија за првпат добива затворен спортски објект

За првпат Пинтија добива затворена спортска сала. Учениците од ПОУ ‘Рајко Жинзифов” за кои досега наставата по физичко образование се одвиваше во супстандардни услови ќе добијат современ објект кој ќе се протега на 350 м2. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој присуствуваше на почетокот на градежните активности истакна дека обезбедувањето на неопходна спортска инфраструктура за развивање на физичките потенцијали и подобрување на здравјето на децата е дел од стратегијата за развој на младите и подобрување на квалитетот на живот во општина Кисела Вода.

–Денес започнуваме со градежни активности за изградба на затворен спортски објект во населбата Пинтија, прв од ваков вид во ова населено место. Досега во ПОУ “Рајко Жинзифов”, каде настава посетуваат 252 ученика, наставата по физичко образование се одвиваше во супстандардни услови. Обезбедувањето на неопходна спортска инфраструктура за развивање на физичките потенцијали и подобрување на здравјето на нашите деца е дел од нашата визија за развој на младите и подобрување на квалитетот на живот во општина Кисела Вода. Оттука, затворената спортска сала која ќе има површина од околу 350 м2 ќе биде простор каде нашите ученици ќе ги развиваат своите таленти и ќе уживаат во спортот. Подигнувањето на стандардите во образованието преку бројни инвестиции во обнова на училишната инфраструктура со посебен акцент на спортот, во Пинтија, но и во сите останати населби и населени места во општина Кисела Вода се одлика на целата наша досегашна работа како раководство на општина Кисела Вода.

Воедно, сакам да ја информирам јавноста дека во општина Кисела Вода ќе се гради ново основно училиште ,,Климент Охридски” во с. Драчево и нова детска градинка во населбата Расадник. На собраниска седница се прифатени двата амандмани од нашиот пратеник од Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и Бојан Стојаноски, двајцата од ВМРО ДПМНЕ, со кои во Буџетот на Република Македонија се одобруваат финансиски средства во висина од 140 милиони денари за реализација на двата гореспоменати капитални проекти. Продолжуваме со обнова, продолжуваме со менување на ликот на наша Кисела Вода бидејќи нашите граѓани заслужуваат современи и квалитетни услови за живот, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.