Мицкоски: Кисела Вода се менува, за еден месец ќе се објави тендер за изградба на нова детска градинка во Расадник, а Драчево ќе добие ново основно училиште

„За мене претставува особена чест што сум денеска овде присутен на почетокот на изградбата на овој објект, оваа детска градинка. Објект што ќе значи дом за стотина дечиња понатаму. Објект што ќе значи нешто во што почнуваат најмладите во својот живот да се образоваат, да се дружат, да ги минуваат своите детски години од најраната младост.

И објект што ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на жителите во овој дел од Кисела Вода. Уште еднаш ќе ми дозволите да им честитам на градоначалникот, на советниците, претседавачот на Советот, пратеникот во Собранието, кој доаѓа од Кисела Вода, за сето она што го прават за општината Кисела Вода“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Самиот градоначалник напомена дека за еден месец од денеска најдоцна ќе се објави тендерот, како што добро слушнав, за изградба на уште еден ваков објект, детска градинка во населбата Расадник. Потоа тука е и основното училиште, кое ќе се гради во населбата Драчево.

Кога сето ова ќе се заокружи, доаѓаме до заклучокот дека најголемиот дел од програмата и повеќе од тоа што беше ветувано на изборите во 2021 година од страна на градоначалникот, администрацијата на Општина Кисела Вода ќе го реализира и испорача. И тоа заслужува честитки и пофалби.

И морам да кажам дека на овој начин само така треба да се продолжи да се гради Македонија. И така ќе ја вратиме довербата кај граѓаните“, изјави Мицкоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.