Кисела Вода ги санираше детските игралишта во повеќе паркови

Санација на игралишта и паркови

Општина Кисела Вода во повеќе паркови спроведе акција за санација на урбаната опрема и детски игралишта на своја територија.


Како што соопшти Општината, санација на постојната урбана опрема, детските игралишта и реквизити извршена е во парковите во Црниче и Пржино, паркот Ѓорги Димитров, како и во паркот Пушкин.


Локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со активности за санација и обнова на постојната урбана опрема.


Општина Кисела Вода апелира до жителите да ја чуваат обновената урбана опрема и детските игралишта и да придонесат тие да останат во употреблива состојба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.