Општина Кисела Вода ги обновува пешачките премини пред училиштата и градинките

Општина Кисела Вода спроведува акција за пребележување на пешачките премини на улиците пред сите училиштата и градиники на својата територија.

 

Пребележувањето, соопштија од општината, се врши со цел што поголема безбедност на учениците кои ги посетуваат основните училишта.

 

Покрај ова, пребележувањето ќе ја подобри и безбедноста и на останатите учесници во сообраќајот. Овие активности кои општината ги започна минатата недела според планот треба да завршат до почетокот на новата учебна година, информираат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.