Општина Кисела Вода почна со чистење на Црниот канал

Општина Кисела Вода почна со ново чистење на Црниот канал.

 

Фирмата ангажирана од Општината од денеска работи на расчистување на наталожената тиња, нараснататата вегетација, како и од отпадот фрлен од несовесните граѓани.

 

Од Кисела Вода соопштија дека до крајот на оваа недела, со механизација ќе се чисти од улицата “Малешевска” па се до пречистителната станица во Студеничани.

 

Црниот канал и коритото на реката Мала Рада, темелно беа исчистени во мај, поради што, уште еднаш од Општината апрлираат за совесно однесување на жителите на овој дел од градот. Фрлањето на отпад во одводните канали, им прави штета, на жителите и го намалува квалитетот на секојдневно живеење.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.