All for Joomla All for Webmasters

Инспекторите во Кисела Вода со зајакнати контроли

Во текот на последниот квартал од тековната година, овластениот комунален инспектор и овластените комунални редари во Општина Кисела Вода изрекле 10 парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за прекршоци сторени  согласно Законот за јавна чистота (оставање на градежен материја, оставање на ѓубре како и продажба на земјоделски производи на јавна површина).

 

Како што информираат од Кисела Вода извршени се повеќе контроли во однос на палење оган на јавна површина при што на физичките лица им се изречени опомени. Воедно, извршени се и инспекциски надзори на градилишта при што е констатирано дека товарните моторни возила редовно ги чистат тркалата при влегување во сообраќај.

 

Овластените инспектори за животна средина при Општина Кисела Вода во текот на последниот квартал од тековната година вршеа редовни инспекциски надзори по добиена пријава од граѓани. Од извршените инспекциски надзори, после утврдена неправилност, издадени се две решенија со задолжување за отстранување на неправилност.

 

При вршењето на инспекциските надзори, согласно надлежностите на овластените инспектори, акцент беше ставен на контрола кај механичарските работилници, кај сендвичари, ресторани и други објекти кои имаат обврска за собирање на отпадното масло за готвење и негово предавање кај овластени постапувачи.

 

Од 15 декември ќе се почне со сменско работење на Комуналните редари со цел да се обезбеди постојан мониторинг на критичните точки во општината.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.