Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето

Општина Кисела Вода за дечињата кои ги посетуваат објектите на двете јавни детски градинки што се под нејзина надлежност, обезбеди 2500 маски што ќе им помогнат за заштита на здравјето од аерозагадувањето. За таа цел, од општината информираат дека претседателот на Советот на Кисела Вода Дарио Шимиќ, денеска во ЈДГ „8-ми Март“, во објектот „Расадник“ на децата им подели маски за заштита од загадениот воздух.

 

Во ЈГД „Весели цветови“, во објектите „ Мимоза“ и „Синоличка“, заштитни маски на децата им подели секретарот на Општината Александар Алексовски.

 

Локалната самоуправа обезбеди и 500 маски за возрасни лица кои ќе бидат поделени при зголемено загадување на амбиенталниот воздух. Доделувањето на маските е дел од мерките кои општина Кисела Вода ги презема за заштита на здравјето на своите жители, се наведува во нивното соопштение. 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.