Опожарените семејства во Кисела Вода ќе добијат отштета од буџетот на општината

При вчерашниот пожар кој избувна во станбена зграда во Кисела Вода пожарникарите имале потешкотија да стасаат до зградата од паркираните автомобили, па можеле да интервенираат дури откако дошча пајак службата да ги отстрани возилата.

 

Во пожарот вчера биле повредени четворица пожарникари и четворица станари, а тројца пожарникари вдишале чад. На терен беше и градоначалникот на Општина Кисела Вода кој на оштетените граѓани им вети помош од општината.

 

Денеска за 1-ва скопска од Општина Кисела Вода изјавија дека надлежните од општина остварија средба со опожарените семејства каде се дискутираше за штетите кои тие ги претрпеле од вчершниот пожар. Соглсно Правилниците кои постојат во Општина Кисела Вода, за вакви случаи, надлежната комисија ќе излезе на терен, по што ќе се утврди висината на надоместокот што ќе ја добие секое од оштетените семејства.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.