Затворен за сообраќај крак на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода

Поради градежни активности за поставување попречна решетка за прифаќање атмосферски води, од 12 септември па во наредните 10 дена комплетно ќе биде затворен за сообраќај кракот на улица „Христо Татарчев“, на потегот од „Енергосистем“ до новиот кружен тек.

 

Град Скопје соопшти дека целокупниот сообраќај од Припор и кон Припор ќе се одвива по споредната улица, околу објектот на „Енергосистем“.

 

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.