Во Oпштина Кисела Вода се гради затворен пливачки базен и се реконструира трим-патеката
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 12 Јуни 2020
Градоначалникот на Oпштина Кисела Вода, Филип Темелковски, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, извршија увид во работните активности за изградба на затворен пливачки базен во училишниот двор на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ и на трим-патеката во општина Кисела Вода.
Базенот, кој го гради Агенцијата за млади и спорт, ќе биде со широчина на коритото 8,9 метри, должина 25 метри и длабочина од 0,8 до 1,2 метар.
Изградбата на базенот ќе чини 37.802.641 денар со вклучен ДДВ, а изведувач на градежните работи е фирмата „Енерго инвест трејд“ од Скопје.
Во исто време Агенцијата за млади и спорт во соработка со Општина Кисела Вода во должина од повеќе од два километра врши градежни активности за проширување и целосна реконструкција на трим-патеката, лоцирана покрај железничките пруги.
Додека се одвиваат градежните активности на трим-патеката, Општината ги замолува граѓаните за трпение.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс