Концерт „Мелодија што трае“ на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје најавува концерт „Мелодија што трае“, кој ќе се одржи на 9 април (среда) во 19:30 часот, во Музејот на македонската борба.

 

Настанот произлегува од едукативниот семинар спроведен под водство на проф. д-р Драган Даутовски, со активна вклученост на наставниот кадар и учениците од Насоката за традиционална музика и игра. Програмата вклучува изведби од богатата етномузиколошка архива на д-р Трпко Бицевски, која досега речиси не била јавно презентирана.

 

„Концертот нуди звучна слика од предели на Егејска Македонија, како Костурско, Серско и Демирхисарско, Кукушко, Драмско и Мегленско, претставени преку автентични вокални интерпретации под менторство на професорите Гордана Тасева Илиевска, м-р Мелита Ивановска, м-р Вера Милошeвска – Јосифовска, м-р Тијана Јаневска, Ленче Димовска и Антонио Стојчески, со придружба на чалгиски оркестар и оркестар со народни инструменти во изведба на ученици кои свират рамо до рамо со своите професори“, стои во најавата за концертот.

 

Уникатниот состав од чалгиски и народни инструменти (во состав на професорите по народни инструменти д-р Тимко Чичаковски, м-р Христијан Николовски, Оливер Настовски, Драги Полизовски и д-р Александра Кузман) нуди прекрасни оркестарски аранжмани од проф. д-р Даутовски и д-р Тимко Чичаковски





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.