Столтенберг: Преговорите во Охрид се важни, Вучиќ и Курти треба да бидат конструктивни

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека преговорите меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија се важни и апелираше до српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на приштинските привремени институции Аљбин Курти да бидат конструктивни во дијалогот.

„Договорите под покровителство на ЕУ во Охрид се важни и очекувам претседателот на Србија и Аљбин Курти да бидат конструктивни и да напредуваат. Ова е клучно за долгорочната стабилност и иднината на регионот во Европа и евро- Атлантска структура“, напиша Столтенберг на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО додаде дека КФОР „ќе продолжи да работи за да обезбеди ситуацијата на Косово да биде стабилна и мирна“,пренесе Танјуг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.