
ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 10 Април 2023

Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има, во недостаток на реални проекти СДС и ДУИ се како расипана грамофонска плоча со уставните измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Шест ипол години нема ниту еден поголем проект. Шест ипол години Македонија само тоне во сиромаштија, половина милион луѓе живеат со по 150 денари на ден, а власта која не нуди иднина, влегува од национална отстапка во национална отстапка.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден и тој нема да се промени, уставни измени нема да има. СДС и ДУИ зборуваа за хрватски Устав, кога рековме истиот како модел да се преслика, тие ретерираа, се виде колку се Европејци. На виделина излегоа сите лаги и клевети, се виде која е целта“, децидни се од партијата на Мицкоски.
Уставни измени, како што додаваат, не може да се носат без консензус на македонскиот народ, консензус нема.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
