ВМРО-Народна со нетрпение ги чека уставните измени: Да видиме кој е „за“, кој е „против“

ВМРО-народна партија бара побргу да бидат донесени измените на Уставот, со кои, ќе се вметнат Бугарите во Уставот. Пратеникот на оваа партија Љупчо Балкоски, рече дека за ова се залагаат и на ниво на коалиција.

„Ние инсистиравме што побргу да бидат на дневен ред и донесени во Собранието, па да видиме кој е против, кој е за уставните измени. Со изгласување на францускиот предлог, сите ние знаевме дека додека трае скринингот да ги донесеме тие измени. Така што, што побргу се донесат толку побрзо државата ќе почне преговорите, погоре“, рече Љупчо Балкоски од ВМРО-народна партија.

За уставните измени, формирани се и работни групи од Министерството за правда кои ќе работат на амандманите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.