Не сообраќаат возови на релација Скопје-Битола, во пожар изгореа 1.000 прагови од пругата

Поради штета од пожарите во битолско-прилепскиот регион не сообраќаат возови на пругата Скопје-Битола-Скопје.

Од Железници соопштија дека уништени се околу 1.000 прагови и во моментот интензивно се работи на санација на дефектот.

Засега нема информации кога би можело да се очекува пругата повторно да биде ставена во функција, односно да се осособи за безбедно одвивање на железничкиот сообраќај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.