Властите во Газа: Петмина новинари загинаа во израелски напад
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 26 Декември 2024
Властите во Газа соопштија дека во израелски воздушен напад загинале пет палестински новинари пред болница, но израелската војска објави дека нападналa возило со милитанти на Исламскиот џихад.
Лекарите соопштија дека најмалку 21 лице загинале во израелските воздушни напади врз палестинската енклава додека Хамас и Израел меѓусебно се обвинуваат за одложување на постигнувањето договор за прекин на огнот.
Синдикатот на палестинските новинари објави дека пет новинари од каналот „Ал-Кудс тудеј“ биле убиени во еден напад пред болницата „Ал-Авда“ во бегалскиот камп „Ал-Нусеират“ во центарот на Газа.
Повеќе од 190 палестински новинари се убиени од почетокот на војната во октомври 2023 година. Израелската армија објави дека „извршила прецизен удар врз возило со терористичката група Исламски џихад во областа Нусејрат“.
Израел редовно ги негира нападите врз новинарите и тврди дека презема чекори за да избегне напади врз цивили.
Групата Исламски џихад, која е поддржана од Иран и е сојузник на Хамас, се приклучи на борбите против Израел во октомври 2023 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс