Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Мај 2024
Грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од Договорот од Преспа откако опозициската СИРИЗА вчера во парламентот ги достави трите меморандуми, како предлози на закон на официјалната опозиција, но со потполно иста содржина како оние поднесени во септември 2020 година од тогашните министри на Владата на Мицотакис, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија СКАИ.
Трите меморандуми се однесуваат на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија и надзор над воздушниот простор.
„Жал ми е што господинот Каселакис ги усвојува најлошите навики на неговиот претходник. Ги истакнав проблемите од Договорот од Преспа, бидејќи договорот ги утврдува термините „македонски“ и „македонски јазик“. Ја предупредив и новата влада во Скопје со јасна изјава дека секое отстапување од Договорот од Преспа ќе има сериозни последици и во односот со нас и во однос на патот кон Европа. Во однос на меморандумите, СИРИЗА сега бара да ги ратификуваме меморандумите и да го откажеме најосновното оружје што го имаме за почитување и спроведување на договорот. Она што СИРИЗА од нас го бара е чин кој ги достигнува границите на апсурдноста, рече Мицотакис.
Во однос на постапката на лидерот на Грчко решение Кирјакос Велопулос да го скине Договорот од Преспа на собраниската говорница, рече и дека не сака да ги коментира „патриотските испади на Велопулос, кој има направено кариера врз овие прашања“ и истакна дека граѓаните сфаќаат што значи „одговорен патриотизам и кои се патриоти во пракса“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс