Таравари нема да се слика со акцелераторот во „8 Септември“ пред да се пушти во употреба, како што правеа Филипче и Сали

Најмалку шест месеци ќе требаат за да биде ставен во употреба акцелераторот во ГОБ „8 Септември“  за зрачна терапија на онколошките пациенти.

Министерот за здравство Арбен Таравари, денес, по посетата на болницата рече дека ќе им требаат најмалку три месеци за да ги направат сите потребни контроли и да утврдат што недостасува и каде треба да се инвестира. За тоа најави дека ќе ангажираат специјалисти.

Не би кажал дека за помалку од шест месеци би можеле да го ставиме во функција акцелераторот. Отсега не промовираме однапред.

Пет – шест пати се дојдени различни министри и промовирале дека акцелераторот почнува да се користи. Искрено состојбата таму изгледа добра, кај што е поставен акцелераторот, Ние ќе дојдеме да го промовираме откако ќе бидат зрачени двајца или тројца први пациенти. Тогаш ќе дојдеме, но дајте ни рок од шест месеци да ги направиме сите потребни подготовки за да може да функционира“, рече министерот Таравари.

Димитар Ковачевски заедно со Беким Сали покрај акцелераторот го прослави Денот на независноста во 2022 година и најави дека акцелераторот ќе биде пуштен во употреба до крајот на годината

Акцелераторот го набави поранешниот министер Никола Тодоров во 2015 година за 1,9 милион евра. Во 2016 беше ставен камен – темелник на бункерот за него, а во 2019 година тогашниот министер Венко Филипче се сликаше со акцелераторот за да покаже дека финишира неговото инсталирање, но апаратот никако да биде ставен во функција.

Во 2019 година тогашниот министер Венко Филипче се сликаше со акцелераторот за да покаже дека финишира неговото инсталирање

Пациентите, тргнувајќи од Филипче, слушаа изговори зошто апаратот не е во функција и лажни рокови за негово пуштање во употреба. Покрај апаратот се сликаа и премиери. Последен беше Димитар Ковачевски кој заедно со поранешниот министер Беким Сали покрај акцелераторот го прослави Денот на независноста во 2022 година и најави дека ќе биде пуштен во употреба до крајот на годината. И следната година Ковачевски како премиер Денот на независноста го славеше во истата болница, но со друг министер – Фатмир Меџити и промовираа друга модерна опрема. Меџити пред крајот на мандатот кажа дека ја потпишал потребната документација за акцелераторот, но тој остана непуштен во употреба.

Според најавите на актуелниот министер, Таравари, акцелераторот ќе може да биде пуштен во употреба најрано следната година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.