Полицаец од Скопје го оставил полициското куче еден и пол час во паркиран автомобил, животното се задушило

Полицаец од Скопје го оставил полициското куче во паркиран автомобил, при што животното се задушило и пцовисало. Против него ќе биде поднесена кривична пријава, но и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска и на материјална одговорност.

 

Од МВР велат дека станува збор за полициски службеник (Д. М.) кој работел како водич на службено куче, а кривичната пријава е за делото убивање и мачење животни.

 

Тој на 12 јуни во центарот на Скопје, по завршувањето на работните задачи, го сместил полициското куче од расата белгиски овчар во боксот за транспорт во службената „дачија“. Потоа го паркирал возилото со исклучени мотор и клима-уред, а вклучена вентилација, и го напуштил возилото на еден и пол час.

 

Кога се вратил назад, забележал дека кучето било во лоша здравствена состојба по што се упатил во ветеринарна станица, каде што било констатирано дека кучето веќе пцовисало. По извршената обдукција од страна на Факултетот за ветеринарство, било утврдено дека причина за пцовисувањето на кучето е задушување предизвикано од топлотен удар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.