Градежните работи на експресниот пат Градско – Прилеп се засилуваат од август, до крајот на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново

Од 1 август се засилуваат градежните работи на експресниот пат Градско – Прилеп. Застојот од неработењето од една и пол година е надминат и до крајот на годината граѓаните ќе може да возат по нов модерен пат од Градско до Дреново, најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

 

Како што истакна Николоски, причината за застојот за изградба на првата фаза од овој патен превец е фактот што во изминатата една и пол година Министерството за траспорт и ЈП за државни патишта не номинарале членови на комисија, која во соработка со ЕУ требало да работи на надминување на техничките и административните проблеми во изградбата на овој дел од експресниот пат.

 

„По една и пол година, јас веднаш ја формирав комисијата. Таа веќе почна да работи и она што е најважно дека веќе од август ќе се засилат работите на терен сѐ со цел во декември да се заврши оваа прва фаза и да се вози по нов пат од Градско до Дреново. Во однос на втората фаза од Дреново до Фариш, таа практично е и најтешката, а за што имавме состанок со ‘Синохидро’ и ги придвиживме работите. Реално е за очекување веќе во април в година и таа фаза да биде завршена и да се стави во сообраќај“, изјави министерот Николоски.

 

Според министерот Николоски, в година ќе почне да се работи на проект за проширување на превојот Плетвар, во деловите на кои недостига трета лента, сѐ со цел до крајот на 2026 година целиот експресeн пат од Градско до Прилеп да биде функционален.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.