Приведен крадец на пари од село Оморани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 07 Септември 2024
Полициски службеници од СВР Велес денеска во 02:40 часот го лишиле од слобода З.С.(37) од село Оморани, општина Чашка, поради основи на сомневање дека со употреба на сила влегол во објект на улица „Коле Дрнков“ во Велес, и одзел пари.
Како што информираат од МВР, З.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс