Лефков: Дрин Ахмети добивал милионски тендери

„Ограбена држава – Дрин Ахмети добивал милионски тендери, иако го оштетил Буџетот и владата на СДС и ДУИ требало да му ја одземе лиценцата“, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дрим Ахмети преку Еверст ЏД, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери. Затоа што Бектеши не му ја одзел концесијата на Дрин Ахмети, иако требал и морал, тој сепак продолжил да работи и како таков добивал тендери. Имено фирмата се јавува како носител на договори за јавни набавки во државните институции АД „ЕСМ” во вкупен износ од 7.670.000 денари со вклучен ДДВ и договор за јавна набавка кај ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп во вкупен износ од 944.000 денари со вклучен ДДВ. Над 8 ипол милиони денари се тендерите кои ги добила фирмата на Ахмети, а на кои немало да учествува ако владата на СДС и ДУИ и Крешеник Бектеши постапеле по закон“, изјави Лефков.

Тој вели дека власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи.

„Вака изгледа кога институциите не работат за граѓаните, туку за елитите на власт. Ова време заврши, затоа се се погласни во лагите и клеветите и СДС и ДУИ. Но колку и да лажат и клеветат, мора да знаат дека одговорноста за секоја нерегуларнорност која ја направиле доаѓа“, завршува Лефков.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.