Владата тврди дека имало предлог, но не е именуван в.д. заменик директор на затворот во Идризово

Владата денеска соопшти дека не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово и бара СДСМ да не шири дезинформации во јавноста.

 

„Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки тој не е прифатен“, велат од Владата.

 

Додаваат дека лицето кое СДСМ го посочил на прес-конференција нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада.

 

„Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело“, се вели во денешното соопштение од владината прес-служба.

 

Од Владата апелираат СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста.

 

Претходно денеска СДСМ на прес-конференција тврдеше дека осуден криминалец кој лежел 4 години затвор е именуван за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес, како и дека лице кое има кривична пријава за „несовесно работење„ е именувано за в.д. директор на затворот во Прилеп.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.