Митева: Лага врз лага се изјавите на СДС, ниту синот на Иванов ниту сопругата на Илиевски е назначена за надзор во МЕПСО

Каков блам, лага врз лага, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева откако денеска од страна на опозициската партија беше истакнато дека директорот на МЕПСО е прв братучед на Изет Меџити, а згрижени се и синот на Ѓорге Иванов и сопругата на Бетмен.

 

Еве го вистинското лице на Сдс, додава Митева.

 

„Секој збор искажан на пресконференциите на СДС е лага и конструкција од невидени размери. Ниту станува збор за синот на поранешниот Претседател Ѓорге Иванов, ниту станува збор за сопругата на Богдан Илиевски. Тоа се комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски. И тоа е лесно проверливо и уште полесно за докажување, но на СДС им е полесно да се расфрлаат со пердуви и да обвинуваат за наводна партизација. Заврши вашето време, со тоа заврши и уништувањето на институциите.

 

Ниедна лага нема да ви помогне да излезете од мизерниот круг во кој се наоѓате. Каков политички блам треба да дозволиш да ти се случи за да измислуваш вакви работи. Толку разбирате како се гради кредибилитет во јавноста, залуден ви е и нов пи-ар кога матрицата е иста“, истакнува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.