ЦУК: Еден активен пожар

Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активен е еден, еден е ставен под контрола, а изгаснати се 20, извести Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во општина Штип, помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон Криволак, каде што гори нискостеблеста шума и сува трева.

Како што информира ЦУК под контрола е пожарот во општина Чашка, на планината Мукос, село Степанци и местото викано Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и општина Долнени и жариште Ореов Дол према Кадиица каде што гори мешана шума.

Изгаснати се вкупно 20 пожари, додаваат од ЦУК.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.