Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка, со повреди заврши и дете

Вчера во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од бул. „Ленинова“ со бул.„Маршал Тито“ во Струмица се  случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Р.У.(18) и патничко возило „фолксваген бора“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Х.(60) двајцата од Струмица.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.