Меџити од Вашингтон: Северна Македонија има цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 11 Септември 2024
„Северна Македонија има цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година почитувајќи ги роковите на ЕУ за транзиција кон обновливи извори на енергија“, изјави првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на деветтата годишна конференција за енергетска безбедност на централна и Источна Европа во Вашингтон.
„Преминот од јаглен до 2050 година бара силна финансиска и техничка поддршка. Помошта и финансирањето се клучни за трајна трансформација и за обезбедување правична транзиција за погодените заедници“, рече Меџити.
Според него, забрзувањето на енергетската транзиција бара трансатлантска посветеност со помош за подобрување на регулаторните рамки и енергетската инфраструктура. Создавањето зелени механизми за финансирање би го олеснило оддалечувањето од јагленот и развојот на чиста енергија, а регионалната соработка преку енергетската заедница би помогнала да се дизајнираат заеднички стратегии за оваа намена.
„Имајќи ја предвид стратешката позиција на Северна Македонија на Балканот, како и влијанието на војната во Украина и руското влијание, сакам да ја нагласам потребата од зголемено вклучување на САД и ЕУ. Оваа поддршка е од витално значење за да се обезбеди енергетска независност и да се намали руското влијание во регионот“, истакна Меџити Меџити во Вашингтон.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс