Разузнавачки агенции: Инаугурацијата на Трамп потенцијална цел на екстремистите

Инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари е потенцијална цел за закани и насилни екстремисти, предупредија американските разузнавачки агенции. Поради ова безбедноста ќе биде зголемена, односно се предвидува церемонијата на инаугурација да ја обезбедуваат околу 25.000 припадници на полицијата и воениот персонал, пишува американски „Политико“.

Потенцијалните сторители, се претпоставува, би можеле да ја видат заклетвата на новоизбраниот претседател како „последна шанса да се влијае на изборните резултати преку насилство“, напишаа група разузнавачки агенции за спроведување на законот во проценката за закана, до која порталот имаше пристап.

Проценката на заканите, од страна на ФБИ, Тајната служба, полицијата на Капитол, владата на Вашингтон и полицискиот оддел на Врховниот суд, изложи мноштво сценарија во кои странски терористи, домашни екстремисти и „осамени волци“ би можеле да извршат бомбашки напади, летови со беспилотни летала или напади врз возила и сл.

Службениците за спроведување на законот, исто така, се загрижени дека протестите околу инаугурацијата би можеле да станат насилни – одредени групи бараа дозволи за демонстрации, вклучително и некои кои претходно организираа протести кои завршија со апсења.

„Минатите протести на некои од овие лица вклучуваа блокирање на сообраќајот, неовластено преминување, уништување имот и отпор при апсење“, се додава во проценката на заканите.

Џон Коен, поранешен функционер за борба против тероризмот кој помогна во планирањето на безбедноста за инаугурацијата на Бајден, рече дека овогодинешниот настан се соочува со повеќе закани отколку пред четири години.

„Како некој што беше вклучен во планирањето на последната инаугурација, опкружувањето за закана беше опасно и е уште понестабилно и опасно отколку што беше во 2021 година“, рече тој. Се додава дека само минатата недела, полицијата на Капитол уапсила маж кој се обидел да внесе мачета и три ножеви во центарот за посетители на погребот на поранешниот претседател Џими Картер, а истиот ден полицијата уапсила уште едно лице кое запалило автомобил во близина на Капитол додека Трамп бил таму, пренесува Танјуг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.